Бертранд Бодсон, сопственик на порталот Bragster.com, фрлил од терасата околу 10 илјади фунти на улица. На неговиот портал луѓето воглавно се фалат за разни потфати и ги предизвикуваат другите да го сторат истото. Да ги почести луѓето пред Божик, се одлучил откако посетителите на порталот го провоцирале тоа да го направи.
Од терасата на улицата Карнаби, каде живее, фрлил околу 10 илјади фунти, а покрај нив за да се забавува вметнал и лажни банкноти од ни повеќе, ни помалку туку шест фунти. Читателите на порталот знаеле каква намера има Бодсон, но случајните минувачи биле шокирани. Алис ЈАнг, која во тој момент минувала по улицата рекла дека излегла на доручек, а се вратила побогата за 100 фунти.