Шефовите на ноќниот клуб Спај Бар во Стокхолм мораат да им исплатат оштета во противвредност од околу 1000 евра на лезбејки кои ги прекинале во бакнувањето. Швеѓанките Елена Евенсон и Миа Хален го тужеле клубот поради сексуална дискриминација.
Кога ги исфрлиле од клубот им рекле дека бакнувањето е забрането, истовремено игнорирајќи го бакнувањето на хетеросексуалните парови. Случајот стигнал до врховниот суд. Од здружението против сексуална дискриминација рекле дека тие не барале никаков посебен третман, туку ги барале само своите основни човекови пара. Судот пресудил во корист на лезбејките.