Дефанзивците Дарко Иловски и Наум Велјаноски се нови членови на Македонија Ѓорче Петров. Тие составот на „лавовите“ го засилија од тимот на Еуромилк.

Иловски и Велјановски во екипата на „млекарите“ поминаа сезона и пол, во која имаа успешни настапи. Минатата сезона тие беа дел од тимот, кој го внесе Еуромилк во елитата.

Охридскиот двоец во новата средина ќе треба да им помогнат на тимот за што подолго опстанување во македонскиот фудбалски крем.

Мх.П.