Со богослужби и традиционални верски обичаи во Охрид и охридско, вчера се одбележа празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат уште и како Голема Богородица.

Кај црквата посветена на оваа светица во охридското село Скребатно, се оддржа големиот црковно народен собир, на кој присуствуваа неколу илјади верници. Посетителите имаа можност да ја вкусат традиционалната храна специјално приготвена за овој празник и да уживаат во културната програма збогатена со македонски игри и песни.

Овој верски настан е еден од најдобрите во земјава. За прв пат доаѓаме тука, по препорака на наши добри пријатели. Домаќините се гостопримливи, музиката е одлична, а традиционалната храна која се дели во грниња само го надополнува амбиентот. На еден начин, преку овој црковно народен собир присутните ја негуваат традицијата и се сплотуваат во едно.“ – вели охриѓанец, кој за прв пат доаѓа во селото Скребатно по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Уште уторото, голем број верници се упатија во црквата „Св. Богородица“, каде палеа свеќи за здравје и среќа, земаа традиционална нафора за најблиските, истовремено оддавајќи и почит на големата светица.

Овој е еден од најголемите христијански празници, а голем број фамилии и цели села, ја чествуваат светицата како свој заштитник. Секоја година доаѓаме од Охрид да ја посетиме црквата и да и одадеме почит на Пресвета Богородица. Сакам да изразам голема благодарност до црковните одбори, кои со својата посветеност успеаа овој собир да го претворат во еден масовен тридиционален настан.“ – вели наша сограѓанка.

Свеченостите започнаа уште во вторникот навечер со пригодни манифестации во црквата, а голем број верници традиционално се одлучија ноќта да ја поминат под шатори, во атарот на селото Скребатно.

Традиционално, тука доаѓаме веќе неколку години со пријателите и потесниот круг од семејството, а ноќта ја поминуваме под шатори. Радува фактот што секоја година се повеќе и повеќе верници ја посетуваат манифестацијата. Храната е вкусна, а музиката онаква каква што прилега.“ – велат посетителите.

Преку овој црковно-народен собир, денешните генерации се обидуваат да ги зачуваат верските обреди и обичаи на темелите на вековната традиција.

Веќе петнаесетина години црковните одбори, во кои членуваат повеќе истакнати граѓани по потекло од скребатскиот крај, трпеливо го надградуваат црковното место кое од година во година привлекува се поголем  број постители.

Црквата целосно е возобновена пред 6 години на темелите на стариот храм, кој со точност не се знае од кога потекнува. Скребатно за прв пат во пишан документ се спомнува во 1583 година.

O.T.