Обожавателите на покојниот пејач Мајкл Џексон оставиле на неговиот гроб во Лос Анџелес илјадници црвени рози и така ја обележале третата година од смртта на кралот на попот. Џексон почина на 25 јуни 2009 година од преголема доза пропофол, јак анестетик, кој го користел како би можел да заспие. Неговиот лекар Конрад Мареј бил осуден на четири години затвор за убиство на пејачот од невнимание.

Големиот мавзолеј, каде се наоѓа ковчегот на Џексон, е затворен за јавноста, но неговите обожаватели оставаат пораки и цвеќе пред стаклениот прозорец, близу до неговиот гроб. Неговите фанови оваа година се здружиле и собрале 30 илјади долари, како би купиле 10 илјади црвени рози, омиленото цвеќе на пејачот.