Пред вратите на стадионот се поставени два видео бима на кои се емитувал погребот на ѕвездата на фудбалскиот клуб Хановер. Ковчегот го носеа соиграчите на Енке кој по приватната церемонија бил кремиран. Неговиот гроб се наоѓа веднаш до гробот на неговата двегодишна ќерка која почина од инфекција на срцето.
Пет германски телевизии го пренесуваа погребот на Енке, а во чест на починатиот голман беше одложен пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Германија и Чиле.