Илјадници дрвца ќе бидат засадени на Галичица во големата акција за пошумување на планините зафатени од ланските големи пожари, што ќе започне на 12 март:

Акцијата  „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина“ која ќе ја предводи  оперскиот пејач Борис Трајанов,  е поддржана од Владата, невладини организации, „Македонски шуми“, ЗЕЛС, образовни институции и граѓани.

Целта е на овој начин да се ублажат последиците од големите пожари и да се обнови природната вегетација, како и да се влијае на подигнување на еколошката свест кај граѓаните.

Покрај во Охрид акцијата ќе опфати локации и во Струга,  Прилеп, Тетово, Гостивар, Велес, Неготино, Струмица, Демир Капија, Кичево, Ресен, Штип, Свети Николе, Пробиштип, Кратово и Куманово.
Во катастофалните пожари што минатото лето го зафатија охридскиот регион  изгореа околу 5000 хектари пасишта и шума.

ohridnews