Италијанската полиција не знае што ќе прави со неколку илјади пара чевли произведени во Романија, бидејќи обувките кои биле нарачани за полицајките биле премали, пишува „Стампа“.
Кожните обувки, што италијанското Министерство за внатрашни работи ги нарачало за сума од 600.000 евра, требало да ги освежат униформите на 14.750 полицајки.
Задоволно поради заштедата, бидејќи обувките биле нарачани од италијанска компанија која имала фабрика во Романија, министерството долго го анализирало квалитетот на обувките, но занемарен бил фактот дека италијанските и романските величини се разликуваат.
J.M.