Давитков лесно се ослободи од своите чувари и од работ на шеснаесетникот го матираше Абди. Само што се созедоа од почетниот шок, повторно гостите ги “оладија“ домашните. По корнерот на Давитков Крстески најдобро се снајде во казнетиот простор за убедливо водство.
Вториот гол беше сигнал комплетно да се отворат домашните и да фрлат се на една карта. Нападнаа со сите расположливи сили,но никако да ја погодат целта.На пет минути пред крајот Лолески се најде во изгледна позиција но беше повлечен од Крстески,а Блажески без размислување покажа на белата точка. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Маркоски. На истекот на првиот период мало шоу приреди Клечкароски, кој во соло продор ја измеша одбраната и погоди за израмнување .
Во комплетна доминација на Илинденци помина вториот дел но никако да им се насмевне среќата. Казната за сите промашувања за малку ќе ги стигнеше на десетина минути пред крајот , Давитков по една контра изби сам пред Абди но домашниот голман спаси изненадување .
Во самиот финиш дадоа уште една “форца“ Илинденци но Грујоски и Бакулески никако да погодат,последната можноста ја имаше Клечкароски но почетнички реагираше промашувајки го целиот фудбал по што натпреварот заврши без победник .
Илинден – Влазрими 2-2 (2-2)
Стадион во Велмеј .Гледачи 500 .Судија Блажески Тоде Битола .Помошници Лозаноски Злате , Клочовски Васко од Битола .Делегат Селами Махир Гостивар
Стрелци : Маркоски 40 ` (п) Клечкароски 45 ` (И) , Давидков 5 `,Крстевски 15 ` (Б)
Жолти картони : Грујоски ,Гредоски, Матески ,Маркоски (И) ,Ташков ,Веловски ,Мандак ,Постолов , Крстески (Б)
Илинден : Абди ,Милошески ,Гредоски ,Матески ,Митрески , Маркоски , Грујоски, Перески, Мурџоски , Ѓоршески (73 `Асани) , Лолески (60 ` Бакулески), Клечкароски (90`Д.Матески )
Брегалница : Димитроски , Крстевски , Велковски (52` Нацев) , Димов ,Манев ,Темелков, Сотировски (78 Блажески) , Мандак , Постолов , Давитков , Ташков (31`Грнев )
Езерското дерби по традиција им припадна на стружани кои минимално со 1-0 го совладаа Охрид. За Караорман ова беше само втора победа сезонава. По 11 кола Караорман останува закован на дното со 6 бода , додека Охрид падна на 14 -то место со 11 бода.Едно место погоре е Илинден со 12 освоени бода .
Кошаркарите на АМАК СП го претрпеа третиот пораз на гостувањата.
Во дербито на колото Фени Инд – Струмица 74-73 .