Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Бaузер, испрати проглас до Македонците во САД, со кој го објави
2 август 2021 година за „Ден на македонско-американско наследство“ во Вашингтон.
Историската борба за самоопределување на Македонија е слична со денешната борба за државност на нашиот град, што резонира со македонско-американската заедница во Вашингтон која стои солидарна со нас, се вели во прогласот.
Умерените демократи бараат Округот Колумбија да стане 51-ва држава на САД, со што интересите на околу 700.000 жители ќе бидат бранети преку претставник во Конгресот, но засега за тоа нема поддршка
Вашингтон е горд што ги слави културните традиции, потеклото, кулинарството, јазиците, историјата и огромните жртви на македонската заедница. Ние исто така можеме да научиме од бескомпромисните концепти на нивните предци за слобода, независност и еднаквост, што фундаментално го променија текот на македонската историја и го зајакнаа народот да остави храбро наследство во својата татковина и низ целиот свет“, стои во прогласот на Баузер за Илинден.
Минатата година, празникот формално беше прогласен како Ден на македонско-американската традиција кој редовно се одбележува на 2 август.
OhridNews