Со доминатна игра во текот на целиот натпревар „Илинденци“  убедливо стигнаа до првата победа во новото првенство.

Од самиот почеток тргнаа офанзивно ,го диктираа темпото а преку Мурџовски и Клечакровски ги имаа најдобрите прилики. Гостите кои мислеа само на својот гол ја издржаа опсадата во првиот дел но капитулираа во 7 мин од продолжениот кога по слободниот удар на Мурџовски ,Костунаров кратко ја одби топката, а во гужвата пред голот најдобро се снајде И.Ѓоршески . Илинденци Не застанаа тука ,продолжијаа да напаѓаат а прашањето околу конечниот победник го среши Клечкаровски кој во соло продор си поигра со гостинската одбрана и го матираше Костунаров по вторпат на натпреварот. Гостите можност за почесен гол имаа во судиското надополнување но Гацев биеше во стативата.

Охригани непоразени се вратија од Скопје каде одиграа 1-1 со  Алумина. Домашните според извештаите израмниле со гол од непостечки пенал. Караорман го доживеа и третиот пораз по ред, овај пат од Тетекс 1-0.

Во наредното коло Краораман во Струга го пречекува Илинден ,додека Охрид во дербито на колото на „Билјанини извори“ ќе игра против несудениот прволигач Тетекс.

Мирко Постоловски