Фудбалерот на Илинден Игор Клечкаровски “заработи” забрана на играње на пет меча поради удирање на противнички играч, додека поради немање докази прекината е дисциплинската постапка против фудбалерите на Илинден Дејан Милошевски, Ѓуро Мурџовски и Гоце Марковски .
Ова е втора ваква казна за Илиндеци во втората сезона како настапуваат во Втората Лига. Минатата сезона беа казнети со 8 натпревари .Шест натпревари од тие осум играа во Новаци додека два одиграа во Прилеп.
Фудбалскиот прволигаш Башкими дисциплинците го казнија со максимални 12 меча неиграње пред своите гледачи .