Во каналот Студенчишта денеска продолжува вештачењето на бродот „Илинден“ што го вршат експерти од Машинскиот факултет во Скопје.

Истражните органи посочуваат дека прво ќе се испитува рамномерноста на трупот, ќе се мери дебелината на лимот, а ќе се направат и ултразвучни мерења. Експертите објаснуваат дека  посебно ќе се задржат на елементите  во машинскиот дел од бродот. Откинатата сајла и останатиот дел од опремата на кој ќе се воочат оштетувања, професорите ќе ги испитуваат во нивните лабаратории во Скопје. 

Се што ќе воочат  македонските експерти ќе им биде презентирано и на бугарските истражни органи, чии претставници го следат вешатачењето на бродот „Илинден“.

Со  вештачењето ќе биде комплетирана истрагата за бродската несреќа во која животот го загубија 15 бугарски туристи, пом што се очекува да биде подигнат обвинителен акт.

Ohridnews