До доцна во ноќта траеле консултациите на експертскиот тим и истражаните органи за начинот на извлекување на потонатиот брод „Илинден“.

Како што дознаваме отфрлена бил предлогот на специјалниот тим од Хрватска да се направат дупки во трупот на бродот за побезбедно извлекување, а било договорено тоа да се направи со каиши кои ќе се врзат на бродот.


Во Охрид денеска се очекува да слета карго авион со дополнителна опрема и персонал кој ќе работи на извлекувањето на „Илинден“. Во операцијата нема да бидат вклучени други бродови, освен еден мал помошен брод на МВР.

Бродот „Илинден“ според најавите ќе биде извлечен кај каналот Студенчишта.

Ohridnews