Петнаесет дена по потонувањето, бродот „Илинден“ најверојатно денеска ќе биде извлечен од водите на Охридското Езеро.

Екипа на специјализираната хрватска компанија „Дубина“ која ќе го изведе сложениот зафат вчера ја постави потребната опрема. Извлекувањето ќе се изврши со воздушни балони кои се прикачени со ремени на потонатиот брод, за да се избегне евентуално негово оштетување. По извлекувањето со помош на брод на МВР „Илинден“ ќе биде однесен кај каналот Студенчишта каде најверојатно ќе се вештачи. Од тоа ќе зависи и понатамошниот тек на истрагата која засега единствено го сомничи капетанот на потонатиот брод.

Бродот „Илинден“ на 5-ти септември потона во близина на авто кампот Елешец, при што животот го загубуја петнаесет бугарски туристи.

Ohridnews