Екипата на Илинден од Велмеј го приреди најголемото изненадување во 16 финалните натпревари од Македонскиот куп.“Илинденци“  благодарение на подоброто изведување на пеналите со 5-4 го елиминира актуелниот шампион и минатогодишниот финалист Прилепска Победа,во регуларниот дел натпреварот заврши без голови 0-0.

Првото полувреме им припадна на гостите ,кои преку Нацев беа најблиску до постигнување на погодок.техничката инфериорност во однос на големиот противник домакините ја покриваа со големата желба за надигрување и победа над шампионот.Се затресе мрежата на Абди по ударот на Маневски но стрелецот беше во недозволена позиција.По паузата прилепчани притиснаа и постигнаа уште еден погодок преку Талески но и овај гол беше од недозовлена позиција по што одличниот судија Маркоски оправдано го поништи. Победа го загуби ритамот, а во самиот финиш Илинденци преку И.Ѓоршески можеа да го решат противникот,но не успеаа во тоа и конечниот победник мораше да го дадат пеналите.

Кобна за гостите се покажа третата серија кога Абди го одбрани ударот на Маневски кој на крајот се покажа како доволен за огромна радост на петстотината гледачи кои дојдоа да бидата сведоци на елинминацијата на шампионот.За Илинденци прецизни беа браќата Ѓоршески,Мурџоски ,Грујоски а крај на серијата стави Гоце Маркоски кој својата фудбалска афирмација ја постигна носејки го дресот на Прилепска Победа.

За Илинден ова е втора година по ред како успева да ја мине оваа фаза од натпреварувањето во националниот куп.Минатата сезона во Велмеј беше елиминиран Силекс со 2-1,а во осмина финалето беа елиминирани од Работнички и покрај тоа што тогаш во Новаци го совладаа со 4-1,првиот натпревар на Градски романтичарите го добија со 4-0 што на крјот се покажа како одлучувачко.

Која е таа Победа ???
Гледачите кои дојдоа на стадионот во Велмеј да го “видат“ на дело шампионот ,не видоа ни Ш од шампионот.Акциите и оние малкуте течеа бавно,немаше агресвиност,креативност во играта а логично на сето тоа немаше ни завршница.Најчести беа коментарите кога Победа не може да победи во Велмеј ,како сака да игра во Европа.

Ohridnews