Централната прослава на Илинден за Охрид годинава ќе се одржи во с. Велгошти, информираше локалната самоуправа.

Свеченостите ќе започнат вечерта на 1 август пред споменикот на илинденските борци, каде свое обраќање ќе има градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Манифестацијата ќе биде збогатена со настап на КУД „Илинден“, по што ќе се одржи свечен коктел.

На денот на празникот делегација на градот, здруженија и организации ќе положат свежо цвеќе во градскиот парк., спомен обележјето на паднатите борци, градските гробишта и на спомен обележјето кај Прентов мост.

ohridnews