Второлигашот Илинден од Велмеј не отпатува на првиот четврт-финален меч против Нов милениум и екипата од Сушица, без борба е промовирана во прв полуфиналист.

Илинденци најавија отстапување од првенството, а ова е втор неодигран меч, откако изминатиот викенд во знак на револт не патуваа и на првенствениот второлигашки меч од 14 коло со Тетекс во Тетово.

По двата неодиграни натпревара, Илинден ќе заработи дисквалификација и враќање во најнизок ранг. Досегашните резултати на Илинден во Втората лига ќе бидат избришани. Првенството ќе продолжи со 17 екипи, а противниците кои требаше да играат со оваа екипа ќе бидат слободни и нема да им се пишуваат бодови, дознава ohridnews.

Фудбалерите на Влазрими, Балажи Куштрим  и Агрон Зекири  исклучени на средбата со ФК Охрид поради недозволена игра се казнуват со забрана на настап на две средби.