Во организација на Советот на македонската заедница од Викторија, се одржа централната прослава на македонскиот национален и верски празник – Илинден во Австралија. Делегации на здруженија на македонските иселеници и австралиски политичари положија цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, каде се одржа панихида. На централната прослава што се одржа во Мелбурн беше упатена порака за обединување на македонците од целиот свет за зачувување на националните интереси.


 Илиндеден достоинствено одбележан во Австралија

Ohridnews