Познатата алпинистка и планинар, Илина Арсова, на 1 јануари, во 13:40 часот се искачи на врвот Пунџак Џаја, Карстната пирамида на 4884 метри, кој се наоѓа во Папуа, Индонезија и е највисок врв на континентална Австралија со Океанија.
– Од технички аспект ова беше еден од по предизвикувачките врвови, бидејќи се работи за искачување на карпа со речиси вертикален нагиб и висинска должина од околу 700 метри до врвот. Ова беше 6-тиот по ред во низата на искачени седум врвови на седум континенти, што ги искачувам како дел од мисијата за зајакнување на жените преку спорт. Имено, во светот има само 70-тина жени кои го комплетирале овој светски високогорски предизвик, а досега ниту една од Балканот, нагласува Арсова.
Експедицијата беше поддржана од Агенцијата на Млади и спорт, Федерацијата на Планински спортови и планинарскиот клуб Трансверзалец, Аџибадем Систина и Бартон сноубордс, како и приватно учество во финансиската реализација.
За оваа година во план е проектот да биде заокружен со искачување на 7-миот врв Винсон на Антарктика со што Македонија ќе се здобие со нов светски високогорски резултат.
OhridNews