Дваесет и осум годишниот Илија Стојановски од Скопје  најбрзо стигна до крстот што во водите на студениот Вардар денеска точно напладне  го фрли поглаварот на Македонската православна црква г.г.Стефан, јави Макфакс.


Возбудениот Стојановски, по фаќањето на крстот рече дека првпат учествува на оваа манифестација. Стојановски покрај крстот доби и златник, икона, и бела техника како и други пригодни подароци.

Неколку илјадната толпа народ што ја следеше манифестацијата се упати кон црквата Свети Димитрија каде во моментов во чест на денешниот празник Богојавление-Водици ќе биде служена Света литургија.

Вкупно 168 верници скокнаа со намера да го фатат светиот крст за кој се верува дека носи среќа и бериќет во текот на целата година.

Ohridnews