Селекцијата на Македонија запиша нов антологиски резултат во своите анали, откако ремизираше со Италија 1-1 на Олимпискиот стадион во Торино.
На натпреварот сите ќе се сеќаваме, а најубави спомени ќе има охриѓанецот Јасмин Сејдиноски кој по завршување го доби дресот од Илија Нестороски. „Црвено жолтите“ во Торино имаа поддршка од 5 000 македонци кои живеат и работат во Италија, а најголем среќник беше Јасмин кој гордо позираше со дресот.
Македонија денеска во Струмица против последнопласираниот Лихтештајн во групата ќе ја спушти завесата во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија.
OhridNews