Стрелецот на историската тројка за Македонија на Европското првенство во Литванија 2011 година Владо Илиевски најави враќање во македонската кошаркарска репрезентација.
Со евентуалното враќање на искусниот кошаркар, селекторот Александар Џикиќ ќе ја реши најслабата алка во репрезентацијата.
– Донесов одлука да играм на ЕП, сакам да им помогнам на помладите на ова големо натпреварување. Го познавам Џикиќ од времето кога ги бранев боите на Партизан и токму неговото присуство во стручниот штаб е една од причините за мојата одлука за камбек во репрезентацијата. Мојата одлука е донесена, ќе видиме дали мојот пример ќе го следат останатите поискусни кошаркари кои не настапија на последните квалификации. Единствено за Гечевски би рекол дека пред две години едвај го натеравме да се врати и да ни помогне, па нереално е сега да очекуваме повторно да се реши на вакво нешто. – рече Илиевски за хрватски „Спортске новости“.
Илиевски, ќе биде огромно засилување за селекцијата, која летово ќе се подготвува за престојното Европско првенство кое ќе се одржи во пет држави.
Македонија своите натпревари ги игра во Хрватска, а во групата се наоѓа со домаќинот, Грција, Холандија, Словенија и Грузија.
Мх.П.