Бекот на македонската репрезентација, Владо Илиевски, денеска треба да стави потпис на договорот со лидерот во шпанското првенство Тау Керамика. Во Шпанија Илиевски ќе се пресели од Унион Олимпија која ги заврши натпреварите во Лигата на шампионите оваа сезона.
Ова е втора преселба на Илевски на Пиринејскиот полуостров, откако претходно тој настапуваше за Барселона со која го освои и Шпанското првенство.