Македонскиот плејмејкер Владо Илиевски го раскина договорот со рускиот прволигаш Локомотив Кубан. Илиевски кој играше значителна улога во тимот изјавил дека го напушта клубо поради семејни проблеми.

По забележителните настапи на Илиевски во македонската репрезентација на ЕП направи трансфер во Ефес Анадолу, таму помина само шест месеци и како позајме кошаркар замина во тимот на Локомотив.

Му беше понуден нов договор кој Илиевски го прифати но поради фамилијарните проблеми плејмејкерот реши да го напушти рускиот прволигаш.

Мх.П.