Нашиот репрезентативен плејмејкер почувствувал болки на бутниот мускул пред натпреварот со Литвос Ритас во рамки на „Обединетата лига“, по што тренерот Божидар Маљковиќ реши да го одмори од тој натпревар. По враќањето во Краснодар, како што информира официјалната интернет-страница на Локомотив Кубан, тимските лекари на дополнителните прегледи установиле повреда која ќе го оддалечи Владо Илиевски од терените во наредните 3-4 недели.
Со тоа, сезоната за Владо во Локомотив Кубан е завршена, а останува времето и брзината на рехабилитацијата да кажат колку ќе биде подготвен и со кој интензитет ќе ги стартува подготовките за репрезентацијата во првите денови од јуни.
Илиевски одигра клучна улога во македонскиот состав во историското четврто место во Литванија. Тој беше играчот кој просечно мина најмногу минути на паркетот и беше стрелец на побендичката тројка на мечот со домаќинот Литванија.