Кошаркарите на Лирија во финалето од Купот против МЗТ Скопје скапо ја продадоа својата кожа претрпувајќи тесен пораз 76-73.

Иако имаа негатива од 20 поени разлика не се предадоа и го имаа последниот шут, кој ако го погодеше Самарџиев продолженијата ќе одлучуваа за победникот во Купот.

– Сите очекуваа дека МЗТ Скопје лесно ќе ја оправда фаворитската улога против нас во Купот. Ние со борбена игра во текот на целиот натпревар покажавме како треба да му се парира на МЗТ Скопје. Многу сум задоволен од моите играчи кои не се штедеа себеси и дадоа се од себе. Среќата малку ни го сврте грбот, а некогаш таа ја прави разликата во вакви големи натпревари – рече Илиевски, тренер на кошаркарскиот клуб Лирија.
 

Фото : Емилио

Мх.П.