По неуспешните квалификации за Олимписките Игри во Лондон, Влатко Илиевски одлучи да стави крај на репрезентативната кариера. Херојот од Литватнија, Илиевски за словенските медиуми истака на одлуката била тешка но неизбежна.


– Колку ми беше само тешко да донесам таква одлука, ама некако изгледаше неизбежна. Мојот син почна да се школува, ние сакаме да сме сега заедно за да го одведеме на правиот пат. Настапував во Русија во екипата на Локомотива но и таму го предвреме го раскинав договорот поради мојата фамилија. Сакав да се простам од националниот дрес на Европското првенвство во Словенија каде и долги живеам но ете морав да ја ставам фамилија пред сите – истакна “човекот на одлука“ на мечот со Литванија, Илиевски.


Почна во Ефес, заврши во Локомотива сега Илиевски по подолго време е без клуб пред да започне сезоната.

– Да, ова прв пат ми се случува да немам клуб, но нема место за паника. Имав отворена понуда од Цедевита, но премногу се мислев и тие најдоа соодветна замена. Можеби кариерата ќе ја продолжам во Шпанија или во некоја екипа што настапува во АБА Лигата – потенцираше за словенечките медиуми, Илиевски.

Освен “плејот“ Илиевски од националниот дрес се збогуваа Тодор Гечевски и долго годишниот капитен Перо Антиќ.

Мх.П.