Владо Илиевски се искачи на врвот на кошараска Италија со екипата на Монтепаски.

“Банкарите“ ја победија Лотоматика во 5 меч од финалната серија со 92:81 и со  4:1 во победи, ја одбранија шампионската титула во Италија.

Илиевски за 13 минути игра постигна 2 поени, а имаше и по 2 асистенции и украдени топки.

Со ова на најдобар начин заврпи сезоната на македонските интернационалци во странство на клупско ниво.

Покрај Илиевски, титула освои и Тодор Гечевски во Хрватска, Лукоил Академик на Перо Антиќ и Ристе Стефанов без пораз стигна до двојната круна во Бугарија, додека Мајк Вилкинсон со Химки го освои Купот на Русија и играше во финалето на плејофот.

Сите овие кошаркари се дел од составот кој го објави селекторот Јовица Арсиќ.

ohridnews