Со трите поени на Илиевски во 1/4 финалето против домаќинот Литванија македонската селекција обезбеди пласман меѓу четирите најдобри кошаркарски веле сили.
Тој по завршување на Олимписките квалификации одлучи да се повлече, но на нешто повеќе од три месеци пред почетокот на ЕП ја промени одлуката и ќе биде дел од “македонската фаланга“.
Сеуште за враќање во селекцијата нема одговор од искусниот Тодор Гечевски и Лестер бо Мекклејб, за кој се шпекулираше дека завршил со настапите за македонскиот дрес.
Во групата од Евробаскетот во Словенија, Македонија се наоѓа со Србија, Црна Гора, Литванија, Летонија и БиХ.