Поразот од Летонија во последната рунда од групата значеше крај за македонската кошаркарска репрезентација, а воедно и збогум на повеќето репрезентативци од „црвено жолтиот“ дрес.
Од селекцијата еднаш се простија па се предомислија Владо Илиевски, Тодор Гечевски и Перо Антиќ, а настапот на Евробаскетот во Словенија веројатно ќе биде последен за селекцијата.
– Штета што се завршува вака. Мораше и требаше да покажеме многу повеќе во Словенија. Но едноставно ни снема сили и енергија и не успеавме да ја победиме Летонија со посакуваната разлика. Ова најверојатно е крај на една генерација, која мораше да се покаже на ова ЕП и да се прости со аплауз – рече Владо Илиевски.
Според „плејмејкерот“ Илиевски тимската хемија на била доволна за добри резултати на ЕП во Словенија каде цела нација очекуваше реприза од Литванската бајка од пред две години.
– Колку и да го остававме срцето на паркетот, тоа не се случи. Тука бевме како едно семејство, но тоа не беше доволно за подобар резултат – заврши Илиевски.
Мх.П.