Второпласиран на пиедесталот во постарата категорија заврши Стефан Андоновски (33:50:22), а трет финишираше Константин Паргов (50:25:44). Кај девојките сребрениот медал замина во рацете на Марија Јаневска (35:52:65).
Во „помладата“ категорија со време (30:14:84) триумифираше Михаил Трпчевски од „Скопје“ додека во женска конкуренција делницата од х. Парк од градското пристаниште ја помина Ангела Ниниќ.
Никола Василевски со време (30:31:84) го зазеде второто место кај помладите, а трет низ целта помина Мартин Тодоровски (32:17:71).
Во женска конкуренција второто место и припадна на Марта Челиковска (35:24:40), а третото на Мирјана Домазетоска (35:54:08).
„Интернационалецот“ на „малиот маратон“ Димитар Камнаровски со време 35:49:37 се пласираше во горниот дел додека пливачот од охридскиот клуб „Охридски Бранови“, Јован Наумоски, кој за прв пат ја пливаше делницата заврши со време (58:44:30).