Александар Илиевски од пливачкиот клуб „Студент“ Скопје триумфираше на 34-то издание на Илинденскиот пливачки маратон. Со победата во повозрасната категорија Илиевски ги обедини титулите откако претходно три пати во низа го освојуваше првото место кај „младинците“.

– Делницата не беше лесна за пливање, пливам веќе 11 години на овој маратонот и ги познавам сите „тајни“. Условите беа идеални, брановите ни преставуваа пречка, но кога пливаш маратон мора да си спремен на се и сешто – рече победникот Александар Илиевски, кој најави учество на „големиот маратон“ на 24 август.

Во неизвесен финиш Деа Калајилиовска го совлада Стефан Андоновски и неприкосновено го освои првото место во женска конкуренција. 

– Темпаратурата на водата беше одлична, мојот добар другар Андоновски ме пратеше цело време и тоа беше една од причините за добро испливаната трка – рече Калајлиовска.

Мх.П.