Актуелниот еврпоски првак Наташа Илиевска е елиминира во првата рунда од европскиот шампионат во Тенерифе, Шпанија. Илиевска уште во првиот чекор кон одбраната на круната , доживеа пораз и се збогуваше од титулата. По успешна од Илиевска беше украинката со 3-0.
Елиминација претпре Огнен Груевски, кој во категоријата до 84 килограми загуби во второто коло од холандскиот каратист Петерсен, и тоа со судиско надгласување.
Елиминиран е и Жарко Арсовски, во категорија над 84 килограми, и тоа во четвртфиналето, од Турчинот Екран, кој победи на поени, минимално со 1-0.
Ако фавритите потфрилја, од втор план избија Тодорчо Ристески и Ферат Корбулиќи, кои обезбедија два пласмана во борба за бронзен медал. Двајцата постигнаа по три победи во четирите настапи, и обезбедија најмалку 5 -ти места, кои задутре ќе се обидат да ги претворат во медал.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com