Наташа Илиевска освои златен медал на Европското првенство во карате што се одржува во Цирих, Швајцарија.
Нашата најдобра каратистка во финалето со 3-1 ја победи хрватската репрезентативка Јелена Ковачевиќ остварувајќи го најголемиот успех во нејзината кариера.
Илиевска (28) која две години по ред е најдобра спортистка во Македонија до големиот успех стигна победувајќи дури пет натпреварувачки. Таа беше подобра од Маркушова од Чешка, Вишновска од Словачка, Кардин од Италија, а во полуфиналето беше подобра и од Фарајли од Азербејџан со 3-0.
По среброто на Жарко Арсов во Белград, бронзата на Огнен Груевски во Атина, златото на Илиевска е најсјаниот медал што го освоиле македонските каратисти.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com