Најдобрата македонска каратистка Наташа Илиевска ќе ги предводи девојките на Мундијалот во Париз, таа ќе настапи во категоријата до 55 килограми. Покрај неа место во репрезентацијата изборија Сара Радичевска (до 50 килограми), Симона Заборска (до 61 килограм), Румена Балчевска (до 68 килограми) и Марија Јованова (над 68 килограми).
Кај мажите место во репрезентацијата изборија Филип Ѓурчиновски во категоријата до 60 килограми и Дејан Црничиќ во категоријата до 67 килограми. Светското карате првенство, во Париз, ќе се одржи во ноември годинава.