Лестер Бо Мекејлеб, македонскиот Американец во кого се крстеше целиот македонски народ за време на Евробаскет 2011, заслужено е избран за најпопуларен спортист во Македонија за изминатава година.
Еве ги сите лауреати во изборот за најдобар спортист за 2011 година.
Спортист на годината : Перо Антиќ
Спортистка на годината : Наташа Илиевска
Најуспешен македонски спортист во странство : Кире Лазаров
Најпопуларен спортист за 2011 година : Лестер Бо Мекејлеб
Најуспешна спортска федерација : Македонска Кошаркарска Федерација
Најуспешен тренер – селектор : Марин Докузовски (кошарка)
Најуспешна машка репрезентација : Кошаркарска репрезентација
Најуспешна женска репрезентација : Ракометна репрезентација
Животно дело : проф. Милош Вучидолов
Млад спортист на годината : Давид Бабунски (фудбал)
Млада спортистка на годината: Моника Стефановска (карате)
Најуспешен спортист на лице со инвалидитет : Андреј Стојановски (пливање)
Најуспешна екипа од универзитетите : Универзитетската ватерполо репрезентација
Најуспешен спортски клуб во средните училишта : „Методи Митевски – Брицо“ – Скопје
Најуспешен спортски клуб во основните училишта : ОУ „Елпида Караманди“ – Битола