Во Скопје беа извлечени двојките за 1/16-тина финалето на националниот фудбалски куп:
Победникот на Охридскиот фудбалски куп, Илинден во Велмеј, ќе игра против актуелниот шампион Победа од Прилеп, освојувачот на купот Вардар одбраната ќе ја започне во Гостивар против истоимениот третолигаш. Влазними во Струга ке ја пречека Ренова.
На останатите натпревари играт :
Новаци-Тетекс , Филип Втори-Напредок , Вардар Д.-Влазрими , Арсими-Македонија ЃП , Дрита – Скопје, Металург-Силекс , Победа (В)-Брегалница (Ш) , Нов Милениум-Турново , Превалец -Пелистер , Фортуна –Шкендија, Малеш – Милано , Кадино (Прилеп)-Работнички К. (Поради настапот на Работнички во Уефа купот против Болтон овај натпревар ке се игра на 10.09). Слободен е Башкими.
Се игра по еден натпревар и тоа на 19.септември(среда) во 15ч.Во случај на нерешен резултат се пристапува кон изведување на пенали за добивање победник.
Буџакоски и Кузески месец дена на “ладење“
Буџаковски Благоја, тренер на голмани на ФК Охрид и претставникот на ФК Илинден Велмеј Кузески Крсте, кои пред време беа отстранети од локалното дерби во Велмеј се казнуваат со забрана на вршење на секаква функција во фудбалскиот спорт во траење од 1 месец, одлучи Дисциплинската комисија на ФФМ. Двајцата беа отстранети од дербито во 70 мин од натпреварот.
М. Постоловски