Битката за придобивање на туристите на импровизираните паркинзи кои како печурки никнуваат во лето, ги надмина сите граници на коректно однесување.

Откако надвор од манастирскиот комплекс  Св. Наум неодамна се случи инцидент во кој на повеќе возила им беа дупнати гумите затоа што наместо на  паркингот во околните ниви, се паркирале покрај коловозот, на терен сега се спроведува нова стратегија. Непознат сторител на стотина метри пред влезот во комплексот Св. Наум, веднаш до коловозот искршил голем број шишиња, со цел тука да не се паркираат возила. Така, туристите доколку не ја забележат стапицата задолжително остануваат без најмалку две гуми. Опасност не ги демне само тие кои сакаат да паркираат, туку и тие кои се разминуваат на тесниот коловоз, бидејќи секое отстапување на простор во десно, исто така може да ви ги оштети пневматиците. На необичната  “заштитата“ на територијата непосредно пред влезот во Св. Наум, посетителите гледаат со чудење. Вакви и слични испади сериозно го нарушуваат имиџот на Охрид, а уште повеќе загрижува тоа што надлежните органи покажуваат немоќ да ги спречат и санкционираат овие појави.


Опасност ги демне возилата што сакаат да паркираат покрај коловоз

OhridNews