Ракометниот клуб Струга го реши најделикатното прашање во пресрет новата сезона во Супер лигата со назначувањето на Илија Темелковски за нов тренер на екипата.

Ракометниот стратег со репрезентативно искуство на почетокот од следната недела ќе означи старт на подготовките и ќе ја запознае екипата. Темелковски на местото тренер ќе го наследи Славчо Каланоски кој пак беше наследник на Андон Бошковски.

  • Мило ми е што станав дел од овој проект. Мило ми е што Мојсовски и неговите луѓе вложуваат напори и се трудат да го подигнат нивото на Струга како клуб. Од овде потекнуваат голем број на репрезентативци и една од моите задачи ќе биде да го одржам тој тренд. Во моментов површно ја познавам екипата. Но, откако ќе одработиме некој тренинг заедно, ќе продолжиме да го составуваме тимот. Ги слушнав идеите на Мојсовски за екипата, таа во голем дел е веќе формирана, ќе видиме заеднички што може да се поправи и доправи. На турнирот во Струга ќе одиграме без притисок, да ја запознаеме екипата, да направиме ростер, па другите работи ќе ги решаваме во од. – за G-sport изјави Темелковски.

Искусниот стратег во македонскиот ракомет претходно ги водеше скопски Пролет и битолски Еурофарм Работник.

OhridNews