Гестикулациите со рацете и пцовките на Илија Несторовски после погодокот од пенал на средбата со Лихтенштајн предизвикаа лавина од реакции во македонската спортска јавност. Несторовски, вчеравечер, се обрати на социјалните мрежи, наведувајќи дека пцовките биле упатени кон три личности, кои знаат добро кои се, а денеска со соопштението и се извини на јавноста.
Секако, се извинувам на секој што сметаше дека зборовите се упатени на јавноста. Не се упатени нa јавноста, но како што веќе реков, на одредени луѓе. Не го направив тоа под притисок од публиката или од резултатот, туку го направив со студена глава. За мене, Македонија е над сè! Јас гордо ја носев лентата како Македонец во Хрватска и Италија, и сите знаете што значи тоа! И секаде ја претставував Македонија најдобро што можам, бидејќи тие не ја даваат лентата како странец лесно! Како може некој тогаш да помисли дека им се обраќам на сите критичари додека ја имам лентата во тој момент! Беше за поединци. A со критикиte сум навикнат да се носам уште од почетокот на мојата кариера. Критиките ме мотивираат, а личните навреди се нешто сосема друго! Отсекогаш сум бил на располагање на репрезентацијата, така ќе биде и сега! Кога резултатите не беа најдобри, менував 4 авиони од Сицилија за да бидам дел од едно едно вакво семејство! Секогаш ќе биде така, и каква одлука и да донесе селекторот, секако дека ќе ja прифатам! Уште едно извинување, и напред Македонија! – стои во обраќањето на Несторовски.
Селекторот Игор Ангеловски е на потег да пресече и да донесе одлука, пред гостувањето во Германија. Македонија дуелот со „панцирите“ го игра в среда, на арената во Дуисбург.
OhridNews
Несторовски: Навредата беше за три личности, тие добро знаат кои се
Неопростлив пропуст на Несторовски: Постигна гол од пенал и упати пцовки до македонската јавност