Надалеку прочуената охридска резбарска Школа сеуште ја пронесува славата и убавината на еден занает кој колку е умешност, повеке е уметност. На убавините на делата изработени од охридските резбари се воодушевуваат почитувачите на уметноста и љубителите на убавото.


Деновиве, во пронесувањето на убавината и славата на охридската резбарска школа се даде нов импулс, на големо и нескриено задоволство на македонските иселеници во Торонто, Канада. Во црквата „Свети Димитрија Солунски“ која своевремено ја изгради македонската дијаспора од овој дел ан Северна Америка, на почетокот нa овој месец се постави иконостасот изрезбан од охридскиот мајстор на резба Цветан Николоски, неговиот помошник Серафим Наумоски и др.


-На изработката на иконостасот кој беше нарачан од аншите во Торонто, работевме интензивно 18 месеци. Само транспортирањето од Охрид до Торонто и монтажата на иконостасот траеше месец дена. Иконостасот е изработен од оригинално ореово дрво, долг е 10,57 метри и богат со мотиви карактеристични за богатите црковни храмови – вели мајстор Цветан.


Одушевеноста на македонските верници од Торонто е тешко да се опише со зборови. Среќата што добија ретко убав иконостас изработен од охридски мајстор-резбар,  тие ја искажуваат со  воздишка.

-Црквата „Свети Димитрија Солунски“ во Торонто, благодарение на умешноста на браќата резбари од Охрид го има најубавиот иконостас на овој континент. Едноставно кажано, го направили најубавиот иконостас во Америка и Канада – вели отец Стеван Груески, старешина на црквата.


Вредноста на ова грандиозно дело што ке ја краси македонската црква во Торонто, Канада, се проценува на околу 35 илјади евра, а средствата се собрани од македонските верници во Канада.

Ohridnews