Американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер, кој вчера престојуваше во официјална посета на Охрид, од градоначалникот Петрески на подарок доби икона со ликот на патронот на градот Св. Климент Охридски, со желба како што тој го штити Охрид, да го штити и американскиот народ.


Заблагодарувајќи се, амбасадорот Рикер го изнесе уверувањето дека соработката меѓу помеѓу американската амбасада и општината во иднина ќе биде продлабочена во интерес на американскиот и македонскиот народ, соопшти општинската прес служба.

Ohridnews