Здраствената состојба на легендарниот шпански голман Икер Касилјас после претрпениот срцев удар е стабилна, но ќе мора да помине одредено време во болница под лекарски надзор. Касилјас срцевиот напад го добил веднаш после претпладневниот тренинг.

Голманот на Порто се огласи на социјалните мрежи и се заблагодари за поддршката и желбите за заздравување.

  • Малку се уплашив, но се е под контрола. Силен сум како секогаш. Голема благодарност до сите за испратените желби и пораки за брзо заздравување. – напиша 37-годишниот голман.

Касилјас веројатно ќе ја заврши кариерата, а оваа сезона потпиша нов договор со клубот од Португалија. Во Порто, Касилјас се пресели од Реал Мадрид каде има статус легенда.

OhridNews

Икер Касилјас претрпел срцев удар