Фудбалската легенда Икер Касилјас претрпел срцев удар после завршување на претпладневниот тренинг во базата од Порто. Шпанскиот голман итно бил опериран и не се наоѓа во животна опасност.

Веста за срцевиот удар ја потврди Порто каде брани Касилјас, португалски и шпанските медиуми, а сите во светот ја примија со голема доза на изненадување. Шпанецот важи за еден најпримерните спортисти кој никогаш не се пожалил на било какви болки.

Јавноста ги преплави социјалните мрежи во знак на поддршка на Касилјас, кој иако се уште не е потврдено веројатно ќе ја заврши професионалната кариера.

Касилјас е дете на Реал Мадрид и со клубот освои се` што можеше на клупски план, а истото го повтори и во дресот на шпанската селекција.

OhridNews