Легендарниот шпански голман Икер Касилјас ја напушти болницата во Порто каде беше згрижен и опериран после срцевиот напад кој го имаше фудбалерот. Касилјас изјави дека се чувствува добро и дека е среќен што жив.

  • Сите добро знаете што ми се случи. Имав среќа и многу се радувам што сега сум со вас. На сите им благодарам за убавите пораки и желби. Ќе ми треба време да одморам, но сега не е важно ништо, бидејќи сум жив. – истакна Касилјас.

Професионалната кариера на Касилјас е доведена под знак прашалник. Неколку кардиолози од неговата родна земја изјавија дека за него кариерата е завршена, но многу поважно е што Касилјас и жив и ако ја заврши кариерата нема да има потреба да жали за нешто, бидејќи освои се што можеше.

OhridNews