Клубот од Џузепе Меаца и Мауро Икарди никако да ги закопаат копјата и да седнат на маса да разговараат за излез од новонастанатата ситуација. Нов случај во сапуницата „Интер и Икарди“ е лажната повреда на коленото на која се пожалил фудбалерот. „Нероазурите“ демантираа, откако фудбалерот ги поминал потребните медицински прегледи во клупската клиника.

Икарди успешно ги помина медицинските прегледи во нашата клиника. Тој се пожали на болки во десното колено, но неговата ситуација е иста како претходно, односно кога последен пат беше на прегледи. – стои во соопштението од клубот.

После пропаднатите преговори за нов договор, Интер одлучи му ја одземе капитенска трака на Икарди, кој пак одби да игра за клубот во Лигата на Европа. Сопругата на Икарди, Ванда Нара која се јавува како агент јавно изјави дека заминување од Интер не е опција, но дека нејзиниот сопруг заслужил повеќе почит и заштите од клубот.

OhridNews