Со позајмица во Пари Сент Жермен заврши сапуницата помеѓу Мауро Икарди и Интер. Но продолжува со секоја дадена изјава на фудбалерот или сопругата Ванда Нара која се јавува како агент. Аргентинецот во интервју за француските медиуми ја образложи одлуката да замине од Интер и да се пресели во ПСЖ.

  • Играјќи во Лигата на Шампиони ги остварив соништата кои го имав со екипата на Интер. Немав повеќе мотиви и зато одлучив да заминам. Сакав да играм за клуб кој ќе освојува трофеи и затоа одлучив да се преселам во Франција. Осетив дека е време да почнам да играм за екипа која има победнички менталитет и сака да се натпреварува. ПСЖ баш е таков клуб составен од шампиони и сигурен сум дека ќе направиме големи работи оваа сезона. – изјавил Икарди.

Контроверзниот аргентински фудбалер нема пернаментен трансфер во ПСЖ, туку е на позајмица и можеби ќе треба да се врати во Интер ако клубот од „Паркот на Принцовите“ одлучи да не го откупи неговиот договорот.

  • Во мојот договор стои клаузула која ПСЖ ќе треба да ја испочтува следното лето. Јас се трудам на тренинзите и свесен сум пред каков предизвик се наоѓам. – додаде Икарди.

Икарди во Интер се пресели во Сампдорија. Тој стигна да биде капитен на екипата, но работите излегоа од контрола. Клубот најпрво го суспендираше и острани од тимот, а кога дојде Антонио Конте на позаицијата тренер му ја покажа излезната врата од Џузепе Меаца.

OhridNews