Бразилската супер ѕвезда Нејмар се врати на теренот во триумфот на Пари Сент Жермен 2-0 (2-0) во дерби средбата со Лил во француската Прва лига.
Репрезентативецот на „кариоките“ одредено време беше во аут поради повреда но сега максимално подготвен да и помогне на екипата. Враќањето на Нејмар го одбележаа Мауро Икарди и Анхел ди Марија кои ги постигнаа головите во победата. Аргентинскиот двоец стрелаше прецизно во првото полувреме за рутински триумф и нови три бодови на табелата.
„Светците“ доминираат во францускиот шампионат и после 14 рунди стекнаа двоцифрена предност во однос на второпласираниот Олимпик Марсеј.
OhridNews