Новиот предводник на Интер од клупата, Антонио Конте официјално го потврди интересот за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку. Конте изјави дека евентуален ангажман на белгискиот репрезентативец би бил голем трансфер за Интер во летниот преоден рок.
- Ми се допаѓа како фудбалер и сметам дека ќе биде наше големо засилување. Во минатото, кога бев менаџер на Челси пробав да го доведам, но тој се одлучи за Манчестер Јунајтед и се уште е на Олд Трафорд. – изјави италијанскиот стратег Конте.
Трансферот на Лукаку зависи од Мауро Икарди, кој не отпатува со екипата на турнејата во Азија. Интер бара купец за Аргентинецот, а тој преферира трансфер во Јувентус откако ја доби Рома.
- Ситуацијата со Икарди е јасна. Клубот му стави до знаење дека тој не е дел од плановите. – додаде Конте.
Утре со почеток во 13:30 часот, Манчестер Јунајтед и Интер ќе ги одмерат силите во рамките од Интернационалниот куп на шампиони.
OhridNews